Фон Дер Лајен: За Бугарија започнува нова ера

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Денес започнува нова ера за Бугарија и Југоисточна Европа. Бугарија добиваше 80% од гасот од Русија, но тоа беше пред Русија да започне ужасна војна против Украина и енергетска војна против Европа. Овој проект значи ослободување од зависноста од рускиот гас. Интерконекторот може да ја покрие целата потрошувачка на гас за Бугарија и ова е одлична вест во вакви тешки времиња“.

Ова го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. 

Претседателката на ЕК потсети дека проектот за интерконектор почна да се реализира во 2009 година, кога Бугарија беше многу лошо погодена од одлуката на „Гаспром“ да го запре протокот на гас низ Украина.

Долго време требаше да се постигне целта, потенцира Фон дер Лајен.

Таа им се заблагодари на сите влади кои овозможија реализација на проектот