Формула 1 шампионот Луис Хамилтон позитивен на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ново-стариот Формула 1 шампион Луис Хамилтон, нема да вози на патеката овој викенд за ГН на Бахраин, поради позитивен тест на коронавирус.

Британецот имаше план да победи на последните две трки од шампионатот, и да се издвои на вечната листа со победи, но неговите планови беа уништени.

Тој сигурно нема да ја вози оваа трка, а можеби и следната, односно нема да вози се додека не доби негативен тест.

Подоцна ќе се знае кој ќе вози наместо Хамилтон за Мерцедес во Бахреин.