Дрво ненадејно падна врз автомобил во центарот на Скопје, поточно во Капиштец.
Очевидци за ТВ21 раскажуваат дека дрвото паднало врз автомобилот кој бил во движење.
За среќа нема жртви, односно возачот на автомобилот не е повреден во овој инцидент.
На улицата „Васил Ѓоргов“ каде што се случи падот, сообраќајот се одвива отежнато.
