ФОТО: Големи гужви на граничните премини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Викендот меѓу месеците јули и август се смета за најфреквентен во летната сезона, па затоа не изненадува што на граничните премини има голема гужва.

Доколку тргнувате на пат, треба да бидете подготвени за неколку часа чекање.

Сообраќајот во Македонија денеска дополнително е зголемен на граничните премини кај Табановце и Богородица.

Ова може да се види на видео снимките од надзорните камери на границите.

Еве каква е состојбата на Табановце:

Граничен премин Богородица:

Граничен премин Ќафасан:

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини, од македонска страна, за излез на ГП Табановце време на чекање 1 час, исто така за излез на  ГП Ќафасан време на чекање 30 минути, на ГП Богородица време на чекање за излез околу 1 час, информираат од АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата