ФОТО: Камион удрил во банкина на скопската обиколница кон Куманово, возачот пренесен во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска (24.10.2025) околу 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, кај клучка Хиподром, исклучок кон Куманово, товарно возило „мерцедес“ удрило во банкина.

Со повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Поради преземање на мерки за отстранување на возилото од коловозот, сообраќајот во овој дел од автопатот е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку автопатот Скопје-Велес.