Полигонот Криволак се подготвува за идни вежби. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска истакна дека со поддршка на КФОР и Канцеларијата на одранбена соработка од Амабсадата во САД, донесени се машини за подготовка на Криволак за вежби.
„Ги транспортираме инженериските машини до Криволак со помош на влечните возови на КФОР и со поддршка на Канцеларијата за одбранбена соработка од амбасадата на САД. Благодарност што ни излегоа во пресрет. Инженерците го подготвуваат Криволак за идни вежби.“, напиша Шекеринска.
Ги транспортираме инженериските машини до Криволак со помош на влечните возови на КФОР и со поддршка на Канцеларијата за одбранбена соработка од амбасадата на САД. Благодарност што ни излегоа во пресрет. Инженерците го подготвуваат Криволак за идни вежби. pic.twitter.com/yeO2jq2ONm
— Радмила Шекеринска (@Sekerinska) May 14, 2020
