Автобус на ЕуроБус од Струга утринава излетал од патот во близина на Нова Градишка, Хрватска.

Како што е познато, автобусот патувал од Германија кон Македонија, а несреќата се случила утринава во 5 часот.
Засега не се знае точната причина за незгодата.
Според информациите од терен, неколку патници се здобиле со полесни жповреди, додека пак автобусот е сериозно оштетен.

ФОТО: News TV
