ФОТО: Масовна раздвиженост на плоштад и трговските центри по затворањето на угостителските објекти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако во 18 часот ќе затворат угостителските објекти, граѓаните ги посетуваат трговските центри или пак плоштадите.

Вчера и денеска во центарот на Скопје, сликата е иста. Голем број на гражани присутни на плоштадот, па речиси дека е и невозможно да се одржува дистанца од најмалку два метри.

Екипата на ТВ21 забележа и полициски службеници кои им пишаа казна на две момчина на возраст од 20-тина години, поради неносење на заштитна маска.

Слична сликата денеска беше и во еден голем трговски центар во Скопје.