На денешната прес конференција на адвокатот на Васил Јованов, кој ја прегази Фросина Кулакова на „Партизанска“ се појавија и родителите на возачот. Тие негираа дека му дале да го управува возилото.
Адвокатот Сашо Дукоски вели многу ноторни невистини се споделуваат во јавноста кои доведуваат до повици на линч и крв, наместо случајот да се решава во инстуциите со владеење на закони. Сега, како што додава Дуковски, се прави обид за воспоставување на принцип ‘око за око’.
-Низа т.н. експерти се знаат за постапката, а таа не трае ниту една недела, вчера беа донесени првите наредби за вештачење, но јавноста беше индоктринирана со нерални и неточни изјави кои доведуваат до јавен гнев за линч на Васил Јованов. Ова не е обид за намалување на тоа што се случило, но потребна е судска постапка, а не со правдата на улицата и протестот.
Дукоски додаде и дека со невистини се подгревал гневот.
Дуковски додаде дека осомничениот не бегал – тоа било невистина и се видело на видеото. Тој истакна дека се шпекулира во јавноста со брзини за 180 километри на час, а напротив вчера била дадена наредбата за техничко вештање и од вчера почнува да се врши вештачење на возилото.
-Некој ќе се обидел со помош на психијатар да го прогласи за непресметлив – тоа не е реално, нема да се обидеме да ја намалиме неговата пресметливост и психофизичка способност од времето на вршењето на кривичното дело. Васил е пресметлив и психички здрав. Во однос на претходна сообраќајна незгода – се инсинуира дека таму имало корупција, па не било процесирано… за полесните незгоди се знае дека се бара согласност од другата страна да нема кривичен прогон, па така, после добиената согласност, на Васил му се наредува да уплати сума за да не се покрене кривична постапка, кажа Дуковски.
Адвокатот исто така кажа и дека пред да го стори делото осомничениот Васил бил на отворање на кафуле на пријател, каде конзумирал алкохол, но не и дрога.
