ФОТО: Овие чанти ќе го одбележат летото – мора да поседувате барем една

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Чантите се неопходен дел од аксесоарот и составен дел од секој добар стил. Многу модни експерти ќе речат дека добрата чанта и чевли се многу поважни од кое било друго парче облека. И тие се во право! Бидејќи, кога имате добра торба и квалитетни чевли, можете да носите и „крпа“ – и повторно ќе изгледате добро.

Оваа сезона во тренд и понатаму се малите чанти, но новитет секако претставува тоа што во мода се и плетените чанти – и тоа во сите облици, текстура и бои кои може да ги замислите.

Кога велиме плетена торба, повеќето од нас веднаш помислуваат на големи и обемни торби, слични на оние за на плажа, но оваа година дизајнерите се потрудија да им дадат на плетените чанти комплетно нов изглед.

Со оваа креативна идеја се создадоа плетени чанти од сите можни форми и големини, кои можат да се носат и да се вклопат во скоро секој моден стил и парче облека. Тие се тотално шик и мултифункционални во исто време.

Ако се одлучите за плетена торба ова лето – сигурно нема да погрешите, а ние како инспирација ви донесуваме неколку интересни идеи.