ФОТО: Снег на Стража – еве каква е состојбата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Планинскиот превој Стража во моментов е покриен со снег, јавува репортерот на ТВ21.

Сообраќајот се одвива непречено и по влажни коловози, а се препорачува и внимателно возење поради присуство на магла.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд особено претпладне, пообилни во западните делови (локално над 20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. За време на викендов ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час), што ќе услови повисоки температури. Во вторник под влијание на студен бран ќе дува засилен северен ветер, ќе има значително намалување на температурите и повремен снег и на повисоките места.