После „шокот“ во првото коло во Лигата на Нации, и нерешениот резултат против Фарски Острови по кој Македонија заработи многу критики, следуваа три одлични натпревари и победи без примен гол против Ерменија дома, против Летонија на гости, и сега повторно против Ерменија на гости.
Со тоа Македонија е многу блиску да го освои првото место во групата во Ц сегментот во Лигата на Нации, што би значело и пласман погоре во Б сегментот, и она што е најважно, обезбедување на бараж за Мундијалот во САД, Мексико и Канада во 2026 година.
Македонија вечерва славеше во Ереван. На македонскиот национален тим му одговараше и нерешено, но успеа да победи со головите на Миовски и на Алими и така да се доближи до првото место во групата.
Сега остануваат само уште дуелите со Летонија и со Фарски Острови на домашен терен во ноември.
По крајот на мечот во Ереван следуваше и групна фотографија, за спомен од овој успех.