Најбогатиот човек во светот Џеф Безос попладнево се лансираше кон Вселената со своето леталото „Њу Шепард“.

Покрај Безос во капсулата со најголеми „прозорци“ кои се пренесени во вселената се и неговиот брат Марк Безос, 82-годишната пионерка жена-авијатичар Воли Фанк и 18-годишниот Оливер Даeмен.

Вселенското возило „Њу Шепард“ е изградено од компанијата на Безос, „Блу ориџин“, и дизајнирано во служба на на растечкиот пазар за вселенски туризам.

„Возбуден сум. Луѓето постојано ме прашуваат дали сум нервозен. Не сум навистина нервозен, љубопитен сум. Сакам да знам што ќе научиме”, рече Безос во интервју за CBS News.


Пустинското место на полетувањето беше на околу 40 километри од најблискиот град Ван Хорн.

