ФОТО/ВИДЕО: Гужва на ГП „Блаце“ – два километри долга колона

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гужва на граничниот премин „Блаце“ меѓу Македонија и Косово, јавува репортерот на ТВ21.

Се работи за колона од автомобили која е долга два километри.

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 20 минути.

Тие додаваат дека поради настанатиот пожар на граничниот премин Богородица, сообраќајот на овој граничен премин е во прекин и истиот се пренасочува на г.п Дојран.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.