ФОТО: Во авионот кој се урна во Мавровско Езеро имало двајца косовски државјани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, информира дека авион од марка Piper, со регистрација N5005W, кој денеска се урна во Мавровско Езеро, превезувал две лица – двајца државјани на Косово.

Според Али, информацијата била веднаш проследена до СВР Тетово, Итната медицинска помош и регионалниот центар на ЦУК за брза интервенција.

Во несреќата, едно лице е повредено, а спасувачките екипи се уште работат на терен.