За помладите генерации очигледно законот „не важи“, а пандемијата со коронавирусот не постои.
Според фотографиите на репортерот на ТВ21, може да се забележи групирање на млади лица без заштитни маски на себе, во близина на една позната скопска пекара.
За потсетување, во моментов на сила е забраната за собирање во групи на повеќе од четири лица на јавен простор, како и задолжително носење на заштитна маска при престој на отворено.
