Знамето на НАТО се поставуваше попладнево пред Собранието, јавува репортерот на ТВ21.
Пред ратификацијата на протоколот за членство на НАТО, знамето на оваа воена алијанса ќе осамне пред Парламентот.
Седницата за ратификација е закажана за вторник, а во среда Собранието треба да се распушти согласно договорот за реализирање на предвремени парламентарни избори.
Останува само уште ратификацијата од Шпанија, и потоа и во македонското Собрание, за дефинитивно нашата земја да стане дел од Алијансата.
