Екипата на интернет е убедена дека ја добивме најдобрата фотографија за 2022 година.
Лео Меси и Кристијано Роналдо играат шах на мртовечки ковчези на фотографијата која со брзина на светлината се шири на интернет изминатиов час. Станува збор за нова кампања за Луј Витон.
„Победата е состојба на умот“, стои во описот на фотографијата на официјалните профили на модниот бренд. Фотографијата ја направи познатата фотографка Ени Лејбовиц.
„Со долга традиција на правење футроли за најпосакуваните спортски трофеи во светот, нашата куќа слави двајца од најталентираните фудбалери на денешницата“, напиша Луј Витон.
Messi and Ronaldo Their fans pic.twitter.com/XwNc8LjHj6
— Troll Football (@Troll_Fotballl) November 19, 2022
Интернетот е воодушевен
Не требаше многу време додека фотографијата почна да се шири на социјалните мрежи.
„Роналдо и Меси седнаа и ни ја дадоа најдобрата фотографија за 2022 година“, „Ова е најсилната слика на сите времиња“, „Луј Витон победи оваа година“, „Ова е неверојатно, ќе го скрши интернетот“, напишаа фановите на Твитер.
Фотографијата и двајцата фудбалери ја објавија на своите Инстаграм профили.
Со Роналдо за помалку од еден час собра неверојатни 7 милиони лајкови, додека со Меси околу шест милиони лајкови. Двајцата фудбалери ја објавија истовремено и посочија дека се работи за платен оглас.
