Фотографиран брод што лебди над морето во Англија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фотографија од брод, кој се чини дека лебди, е фотографирана како резултат на ретка оптичка илузија на пристаниште во Англија.

Фотограф на ова ретко дело е Дејвид Морис, кој го фотографирал овој брод во близина на Фалмут, Корнвол.

Метеорологот на Би-Би-Си Дејвид Браин тврди дека станува збор за врвна фатаморгана што се случила поради посебните атмосферски услови.

Браин вели дека ваквата илузија е честа на Арктикот, но многу ретко може да се види и во Велика Британија во текот на зимата.

Морис пак, вели дека е „запрепастен“ откако ја фотографирал оваа фотографија додека гледал кон морето од селото Гилан.

„До супериорната фатаморгана се доаѓа поради временската состојба позната како инверзија на температурата, каде студениот воздух лежи близу до морето со потопол воздух над него. Бидејќи студениот воздух е погуст од топлиот, тој ја свиткува светлината кон очите на некој што стои на земја или на брегот, менувајќи го начинот на кој се гледа далечниот предмет“, додава Браин.

Тој додава дека врвната фатаморгана може да создаде неколку различни типови на слики.

„Тука се чини дека далечен брод лебди високо над неговата вистинска позиција, но понекогаш некој предмет под хоризонтот може да стане видлив“ посочува Браин.