Франција ги засилува безбедносните мерки во пресрет на новите протести, досега приведени 2.500 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Француските власти најавија засилени безбедносни мерки во пресрет на протестите на „Жолтите елеци“ што треба да се одржат во сабота, на 24 октомври. Во меѓувреме, францускиот министер за правда, Жерал Дарманен, соопшти дека од почетокот на насилствата досега биле приведени 2.500 лица.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека полицијата решително ќе реагира на сите обиди за предизвикување нереди. Тој нагласи дека не постои оправдување за каква било форма на насилство, без разлика дали станува збор за вербално или физичко насилство, или напади врз луѓе и имот, пренесува порталот БФМ ТВ.

Во Тулон, протестите во центарот на градот ќе бидат забранети во сабота од 11 часот до полноќ. Дополнително, јавниот превоз ќе биде во прекин од 10 часот во сабота до 6 часот во недела.