Франција: Користење на француски ракети со долг дострел од страна на Украина е опција која ќе ја разгледаме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Франција, која веќе и достави на Украина ракети со долг дострел, во понеделникот навести дека дозволувањето на Киев да напаѓа воени цели во Русија сè уште може да биде опција.

„Отворено кажавме дека ова е опција што би ја разгледале ако би дозволила да се гаѓа целта од која Русија моментално ја напаѓа украинската територија. Значи, ништо ново од другата страна“, изјави министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро пред новинарите пред состанокот на ЕУ министри во Брисел, пренесува Ројтерс.