Франција: Традиционалното сирење Камембер во опасност од моцарелата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мал кулинарски земјотрес се случува во Франција, бидејќи продажбата на познатото, традиционално сирење Камембер паѓа во корист на италијанскиот ривал, моцарела.

Овие две сирења навистина не се вистински ривали бидејќи се консумираат на различни начини, моцарелата се користи во готвењето и салатите, додека Камембер е ценет како сирење за дегустација.

Според студијата на француското Министерство за земјоделство, во 2020 година, продажбата на Камембер паднала за 11 отсто во споредба со 2015 година, кога продажбата на моцарела скокнала за 62 отсто.

Истражувачката куќа Нилсен изјави дека трендот е јасен и дека продажбата на моцарела наскоро ќе ја надмине продажбата на Камембер, сирење со потекло од Нормандија.

„Во жалост сме. Како е соборено најдоброто сирење?“, велат од компанијата Нилсен.

Многумина веруваат дека угледот на Камембер е нарушен бидејќи „страда од старомоден имиџ“. Се проценува дека сега повеќе го консумираат постарите лица.

Камембер е производ со позахтевен изглед, со силен вкус и мирис, кој се јаде сам, додека моцарелата е во мода и ја сакаат младите, изјавија готвачите.