Франција забранува пушење на плажите и пред училиштата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Франција ќе забрани пушење на сите отворени места каде што често одат деца, објави министерката за здравство и семејство, Катрин Вотрен.

Забраната ќе стапи на сила на 1 јули и ќе се однесува на плажи, паркови, јавни градини, површини пред училишта, автобуски постојки и спортски објекти.

„Тутунот мора да исчезне таму каде што има деца“, рече Вотрен во интервју објавено во дневниот весник „Оест-Франс“.

Вотрин додаде дека „слободата за пушење мора да заврши таму каде што започнува слободата на децата да дишат свеж воздух“. Таа посочи дека терасите на кафулињата ќе бидат ослободени од забраната. Таа објави дека ќе биде изречена казна од 135 евра за кршење на правилата, пренесува Би-Би-Си.

Тврди дека полицијата редовно ќе проверува дали се почитуваат правилата. Иако електронските цигари се ослободени од забраната, Вотрин потврди дека работи на воведување ограничувања на количината на никотин што ја содржат. Според Францускиот центар за следење на дрогите и зависноста од дрога, 23,1% од француското население пуши секојдневно, што е најнизок процент досега.

Забраната за пушење во парковите, плажите и другите јавни места требаше да стапи на сила во 2024 година, но потребната регулатива никогаш не беше усвоена. Сепак, повеќе од 1.500 општини веќе доброволно го забранија пушењето на јавни места.