Француската актерка Брижит Бардо во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешната француска филмска ѕвезда Брижит Бардо (91) веќе три недели е во болница во Тулон, во близина на нејзиниот дом во Сен Тропе, објави локалниот весник „Вар-Матен“.

Таа е подложена на операција, а процедурата е поврзана со „сериозна болест“, објави весникот, повикувајќи се на неименувани извори.

Нејзината состојба е „загрижувачка“, напиша „Вар-Матен“.

Бардо стана позната во 1950-тите и 1960-тите години по нејзините слободоумни улоги и сексуален магнетизам во филмови и ТВ серии.

Таа престана да глуми во 1970-тите, се пресели во Сен Тропе на Француската ривиера и се посвети на заштитата на животните преку фондација што го носи нејзиното име.