Француската компанија Валнева започнува со клинички испитувања на својата вакцина против коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Француската фармацевтска компанија Валнева ќе ги започне првите клинички испитувања на нејзиниот кандидат за вакцината против Ковид-19 на четири локации во Англија.

Во испитувањата од првата и втората фаза, учествуваат 150 волонтери од Бристол, Бирмингем, Саутемптон и Њукасл, што треба да покаже дали вакцината е безбедна и дали произведува имунолошки одговор.

Доколку бидат успешни, предвидени се нови тестирања за април 2021 година, со повеќе од 4.000 волонтери во Велика Британија кои ќе примат две дози, а евентуалната вакцина може да биде достапна до крајот на следната година.