Француската морнарица заплени 4,25 тони кокаин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Француската морнарица заплени 4.249 тони кокаин на брод во Француска Полинезија, соопшти денес Високата комисија на Француската Република во Француска Полинезија.

Бродот, кој дошол од Централна Америка и тврдел дека плови кон Јужна Африка, носел 174 пакети кокаин, кои биле уништени на море, надвор од територијалните води на Полинезија и заштитените морски зони, прецизираше војската, објави Фигаро.

„Во договор со обвинителството во Папете и во согласност со меѓународното право, бродот и екипажот продолжиле да пловат“, се наведува во соопштението.