Претседателот на Франција, Емануел Макрон не ја прифати оставката на премиерот Габриел Атала, и тој ќе остане на функцијата и после парламентарните избори на кои победи левичарската коалиција, меѓутоа никој нема мнозинство.
„Претседателот инсистираше Атал да остане премиер уште некое време“, рекоа од кабинетот на Макрон.
Последните податоци кажуваат дека Нов народен фронт (НПФ) ќе има 182 пратеници, сојузот Заедно на Макрон 168, а Националниот собир (РН) и сојузниците 143, што ќе го подели парламентот на три големи блока со значително различни платформи и без традиција да соработуваат.
Триесет и четиригодишниот Атал оваа година стана најмладиот премиер во историјата на Франција и синоќа најави оставка по објавувањето на резултатите на изборите.
