Француско МНР: Во Украина загинаа 150.000 руски војници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Речиси 150.000 руски војници загинаа во Украина од почетокот на војната во февруари 2022 година, според проценката на француското министерство за надворешни работи.

„Рускиот неуспех е веќе тука. Ги проценуваме руските загуби на 500.000 лица, од кои 150.000 загинати“, рече францускиот министер за надворешни работи, Стефан Сејурн во разговор за „Новаја Газета“.

„И зошто? За ништо“, рече тој.

Таа проценка е помала од онаа на украинскиот претседател Володомир Зеленски кој соопшти дека Русија во агресијата врз Украина загуби 180.000 војници.