Директорот на Аналитички центар и член на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчковски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не мисли оти оваа Влада се бори против корупцијата.
„Ќе објаснам низ факти, три месеци наназад зборуваме интензивно дека имаме Влада која е инволвирана во два типа на скандали. Прво една тендерска шема која што многупати ја зборуваме јавно, имате 161 тендер фирма која што во јавноста се поврзува со еден директор од Владата, имате фирма која што има двајца вработени а добила 9 милиони евра, има фирма која постои неколку месеци добива 5 милиони евра. 77 милиони тендери за една од омилените фирми на ВМРО-ДПМНЕ, 54 тендери на друга фирма, унгарски кредит земаа за тоа да го сервисираат“, рече Фрчковски.
