„Бојкотот на пописот е многу смешна и чудна работа и не можам да го разберам. Што е за нас важно, и што е главна опасност пак да пропадне? Главна опасност е митолошката, улогата на бројките во одност на етничките права“, истакна професорот Љубомир Фрчковски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој вели дека тоа е клучот затоа што пропадна минатиот попис.
„Има разлика во таа ситуација. Оваа политичка власт успеа тој проблем да го пресече. Ова што го изјави Пендаровски пред една година рече дека мора да ги одвоиме етничките права од бројките. Тоа е завршена работа. Бројките може да одат горе – доле. Жители на Македонија станале граѓани на ЕУ, и сега не може да ги врзувате правата со бројките. Мора да го пресечеме тој јазол, и така ќе добиеме дека пописот е статистичка операција“, додава Фрчковски.
