Во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 со професор Љубомир Фрчковски разговаравме и за спорот со Бугарија, за кој вели дека во него ние имаме мал маневарски простор.
„На тие четири волка кои сакаат Македонија да ја „изедат“. Во тие ситуации можеме реално да се самоповредиме кога отвораме диалози. Во овој случај со Бугарија, широките маси се врзуваат дека ние мораме инспирирани, и во една инфериорна ситуација што Бугарија постигнала единство во нивниот парламент, дека мораме и ние да направиме единство во Парламентот, и тоа се заканува да стане стасус кво. Еден дел од десницата, сметаат дека треба да се земе најцврстата позиција и да чекаме. Од друга страна социјалдемократите предводени од Заев кои одат да исцрпат се што може, за да се влезе во ЕУ, велам со самоповреда дури“, посочува Фрќковски.
Тој додава дека тоа не успева, затоа што проблемот е покомплексен.
„И сега ако го разложиме вака изгледа: Ние имаме малку маневарски простор, речиси ништо. Кој е нашиот национален интерес? Можеме веднаш да кажеме: сакаме да влеземе во ЕУ, и темата нашиот идентиот и јазик не сакаме да ја отвораме. Тоа е нашиот национален интерес“, истакна Фрчковски.