Фризури од 1990-тите кои се враќаат во мода

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Култните фризури од 1990-тите како што се кадриците на Мараја Кери или „Рејчел“ фризурата на Џенифер Анистон во „Пријатели“, се вратија во тренд. Следат примери што најверојатно ќе ги гледаме почесто наредниов период.

Разбушавени шишки

Пејачката Деми Ловато го усовршува својот „носталгичен изглед“, па со нерамните, „неуредни“ шишки што минуваат низ челото, потсетува на „гранџ-стилот“ од крајот на минатиот 20. век.

Шишки и скалесто истрижена коса

Били Ајлиш годинава стана платинесто русокоса, а нејзината фризура често се нарекува „одлична модернизирана верзија на слоевите од 90-тите“.

„Пикси“ фризура

Можностите тука се практично неограничени. Оваа „неуредна“ фризура ја носеше јужноафриканската глумица Шарлиз Терон и, се чини, таа ѝ се врати на својата омилена фризура, но во малку помодерно издание.

„Рејчел“

Малку покуса коса, со оние типични подвиткани краеви – ова беше една од „главните фризури“ на почетокот на векот.

Бујни бранови

Пред интернетот „да го запоседне“ бујната коса на принцезата Кејт Мидлтон, светот во 90-тите беше одушевен од сјајната фризура на Синди Крафорд. Ова класика, се чини, никогаш навистина не излегла од мода.

Бујни, лелеави кадрици

И брановидните кадрици последниве години се враќаат во мода, но некако, заменети со малку поуредни и посредени од оние на Мараја Кери пред околу 20 години.