Фрлена бомба во Сараево, полицијата трага по сторителите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Рано утринава околу 3 часот активирана е експлозивна направа во сараевската населба Нова Отока, потврдија од сараевската полиција, пренесува radiosarajevo.ba.

Во експлозијата нема повредени. Причинета е материјална штета на објектот, поточно на кафулето.

Сараевската полиција е на местото на настанот и врши увид, по што ќе бидат познати повеќе информации.

Експлозијата се случила во улицата Џемал Биједиќ во општина Нови Град.