Фудбалер од Богота се струполи на теренот и почина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Милјонариос, колумбискиот гигант од Богота, објави многу тажни вести.

Јуниорот на „сино-белите“ Сантијаго Кастриљон (18) се онесвести на теренот во главниот град во саботата, а во понеделник беше потврдено дека младиот фудбалер починал.

За време на натпреварот од јуниорското првенство против Санта Фе, му беше укажана прва помош, по што беше итно префрлен на одделот за интензивна нега. Лекарите се бореа за неговиот живот до недела вечерта.

Бројни клубови и Колумбиската фудбалска федерација се збогуваа со Кастриљон, кој го носеше дресот со број десет во јуниорскиот тим на Милјонариос, а меѓу оние кои му оддадоа последна почит беше и неговиот познат сонародник Радамел Фалкао.

„Почивај во мир, пријателе мој“, рече легендарниот „Ел Тигре“, кој сè уште игра за Милјонариос на 41-годишна возраст.