Играчот на репрезентацијата на Костарика, Орландо Гало (22) во септември бил позитивен на забранета супстанца, соопшти фудбалската федерација на земјата (ФЦРФ), поради што е доведен во прашање неговиот настап на неодамнешното Светско првенство во Катар.
Играчот од средниот ред на клубот Хередиано беше позитивен на клостебол по натпреварот меѓу Костарика и Јужна Кореја (2:2) кој се одигра на 23 септември. Младиот фудбалер сега има седум дена за жалба, по што Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе одлучи за евентуалната казна.
Гало досега одигра девет натпревари за Костарика. Лос Тикос на претстојниот Мундијал ќе игра во групата Е со селекциите на Германија, Шпанија и Јапонија.
