Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз на позајмица во Милан би требало да потпише нов договор следното лето. Прашање е само со кој клуб. Реал веќе втора сезона во Милан го држи на позајмица, кој според нивниот договор би можел да го купи за 27 милиони евра.
Според италијанските медиуми, Реал е заинтересиран за продолжување на договорот со Дијаз. Ла Газета открива дека 23-годишниот офанзивен играч за врска има интересна клаузула во договорот. Имено, Реал Мадрид со договор му забрани да оди во Манчестер Јунајтед. Секако, ова е клаузула која Дијаз може да ја прекрши, но ќе има последици.
Доколку случајно Јунајтед потпише договор со него, 40 отсто од трансфер вредноста оди во касата на Манчестер Сити. Шпанецот сезонава постигна четири гола и еднаш асистираше, но моментално е повреден и нема да игра ниту во Лигата на шампионите против Динамо.
