Фудбалот полека се враќа, прва стартува Бундеслигата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со исклучок на неколку „анонимни“ првенства како она во Белорусија или Туркемнистан кои се играа и покрај пандемијата со коронавирусот, денеска почнуваат со враќање големите фудбалски првенства.

Прва прави „рестарт“ Бундеслигата, а најинтересно ќе биде во Дортмунд каде што во рурското дерби Борусија ја пречекува екипата на Шалке.

Ќе се играат уште шест натпревари, сите без публика, и со посебни протоколи на однесување, односно сведување на контактите на минимум, помалку користење на соблекувалните и без радување доколку биде постигнат гол.

На почетокот и на средината на јуни се очекува да стартуваат уште неколку првенства како што се во Англија и Шпанија, додека за Италија и натаму нема конечна одлука.

Првенството на Франција е стопирано, откако тамошната Влада донесе одлука да нема никакви спортски настани до септември. Истото претходно го сторија и Белгија и Холандија.

Програма за денот:

Од 15,30 часот

Аугсбург – Волфсбург
Борусија Дортмунд – Шалке 04
Фортуна Дизелдорф – Падерборн
Хофенхајм – Херта Берлин
РБ Лајпциг – Фрајбург

Од 18,30 часот

Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Менхенгабах

Програма за 17 мај:

Од 15.30 часот
ФК Келн – Мајнц 05

Од 18.00 часот
Унион Берлин – Баерн Минхен