Фудбалската репрезентација слета во Букурешт

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонскиот национален фудбалски тим неколку минути после платне слета на аеродромот во Букурешт, каде во следниот период ќе ги игра двата од три натпревари во групата на ЕУРО 2020 година.

Веднаш по слетувањето беа пречекани од делегација од УЕФА. Четири дена ќе се подготвуваат играчите за премиерниот настап на ЕП против Австрија на 13-ти јуни.

Фудбалерите и стручниот штаб веднаш по слетувањето го развиорија македонското знаме. Сега следува сместување во хотел, а попладне ќе биде одржан и првиот тренинг.