Фудбалската репрезентација вечерва на победа со „аутсајдерот“ Лихтенштајн

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во 20:45 часот македонскиот национален тим ќе треба да ја оствари првата победа во квалификацискиот циклус за СП 2022 година.

Противник на Македонија е Лихтенштајн, селекција која е апсолутен аутсајдер во групата, и не би требало да има никакви проблеми во обидот нашата селекција да дојде до трите бода.

„Апсолутно сме фаворити, но тоа треба да го потврдиме на терен. Многу пати сме биле во ситуацијата на фаворити и сме ги решавале ваквите ситуации. Сакам утре да поведеме од првата шанса“, рече селекторот Игор Ангеловски на вчерашната прес-конференција.

Во првиот натпревар од групата, Македонија беше поразена од Романија во Букурешт со 3:2.

После Лихтенштајн, македонскиот национален тим оди на мегдан со фаворитот во групата, селекцијата на Германија.