Фудбалскиот свет може да здивне, Кристијан Атсу пронајден жив во урнатините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според португалските медиуми, поранешниот играч на Челзи и Њукасл, Кристијан Атсу, бил пронајден жив во урнатините во Турција.

Фудбалерот од Гана Кристијан Атсу (31) беше меѓу исчезнатите по уривањето на станбена зграда во Хатај, Турција, по силниот земјотрес што се случи утринава.

Според странските медиуми, Атсу има проблеми со дишењето заедно со неколку повреди и се наоѓа во болница.

Крилниот напаѓач на репрезентацијата на Гана и турскиот прволигаш Хатајспор постигна гол во седмата минута од судиското надополнување за да му донесе победа на својот тим на натпреварот против Касимпаша во неделата.

За жал, само неколку часа подоцна тој беше меѓу исчезнатите по уривањето на станбена зграда во Хатај.