Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија е рангиран на прво место во Извештајот од спроведениот мониторинг на државните институции за 2025 година, изготвен од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, делeјќи ја водечката позиција со Државниот завод за ревизија, со освоени максимални 51 бод.
Овој резултат претставува значаен исчекор за Фондот, особено ако се има предвид дека во 2024 година институцијата беше рангирана на 45. место со 24,5 бодa. За само една година, со истиот тим, преку истрајност, посветеност и јасна визија, Фондот успеа да се позиционира на самиот врв.
Посебна благодарност за постигнатиот резултат упатуваме до Бранко Аџигогов, Ирфан Лимани, Јованка Ѕунѕуровска, како и до вработените од сите сектори, кои со својот ангажман придонесоа за унапредување на транспарентноста и отчетноста на институцијата.
Извештајот на Агенцијата за 2025 година, изготвен согласно Методологијата за спроведување на мониторинг за проактивно објавување на информации од јавен карактер, е достапен на следниот линк:
https://aspi.mk/wp-content/uploads/2025/12/ИЗВЕШТАЈ-ЗА-МОНИТОРИНГ-ДРЖАВНИ-ИНСТИТУЦИИ-2025.docx
Контроли на платите во јавните здравствени установи (ЈЗУ)
Фондот за здравствено осигурување спроведе контроли во вкупно 26 јавни здравствени установи, од кои 12 во Скопје и 14 надвор од Скопје.
Утврдени неправилности:
- Пресметка на часови за дежурство – 11 ЈЗУ
- Комбинирање на додаток за сменска работа и дежурство – 4 ЈЗУ
- Прекувремена работа над 32 часа месечно – 2 ЈЗУ
- Недоставени побарани податоци (книга за дежурства, дополнителна дејност) – 8 ЈЗУ
- Исплата на награда/бонус (10 %) – 2 ЈЗУ
- Други неправилности – 4 ЈЗУ
Контроли во институциите за итна медицинска помош (ИМП)и домашна нега
Спроведени се контроли во 37 здравствени установи, од кои:
- 29 надвор од Скопје
- 8 во подрачјето на Скопје (дел од ЈЗУ Здравствен дом Скопје)
Резултати од контролите:
- Уредни наоди: 23 установи
(17 надвор од Скопје, 6 во Скопје) - Неуредни наоди: 14 установи
(12 надвор од Скопје, 2 во Скопје)
Најчести утврдени проблеми:
- Недостаток на соодветни одлуки или согласности од МЗ и ФЗО за важечки ценовници и наплата на услуги – 7 ЈЗУ
- Неправилно фактурирање на тимови во дежурни и итни служби – 2 ЈЗУ
- Наплата на услуги што не подлежат на наплата согласно важечки прописи – 2 ЈЗУ
- Проблеми со терапија, материјали или задолжителна ампуларна терапија – 1 ЈЗУ
- Користење на застарени ценовници – 2 ЈЗУ
- Затворена служба поради недостаток на персонал – 1 ЈЗУ
- Други утврдени неправилности – 4 ЈЗУ
На установите со утврдени неправилности им е оставен рок од два месеци за нивно целосно отстранување.
