Неверојатната сцена на питонот што голта крокодил ја сними Австралиецот Мартин Мелер, кој пловеше во кајак во близина на градот Маунт Иса во Квинсленд , а фотографиите беа објавени на Фејсбук страницата на GG Wildlife Rescue Inc.
Имено, тој го овековечи моментот кога маслиновиот питон, втората по големина змија во Австралија, проголта слатководен крокодил (крокодилус џонстони).
Иако многумина сметаа дека крокодилот победи во оваа борба, змијата сепак беше посилна . Фотографиите се направени пред скоро две години, но тоа не ја намалува нивната необичност.
Но, едно за многумина остана нејасно.
„Единствено прашање ми е како нормална личност може да кајак на место каде што змија проголта цел крокодил? Дефинитивно е на мојата листа на топ 10 начини на кои не сакам да умрам“ – се запраша еден корисник на Фејсбук и заработи многу лајкови со своето прашање.
