Претседателот на парламентот на Иран, Мохамад Багер Галибаф, синоќа изјави дека вооружените сили на Иран се подготвени да дадат разорен и соодветен одговор на секоја агресија, предупредувајќи дека погрешните стратегии ќе доведат само до катастрофални последици.
„Нашите вооружени сили се подготвени да дадат заслужен одговор на секоја агресија. Погрешните стратегии и одлуки секогаш ќе водат до катастрофални резултати. Целиот свет веќе го сфати тоа. Ние сме подготвени за сите опции, тие ќе бидат изненадени“, напиша тој на платформата X.
Галибаф истакна дека иранските сили се „целосно подготвени за војна“ и дека погрешните стратешки одлуки на противниците нема да донесат успех, туку сериозни последици.
Според него, Иран останува посветен на политиката на стратешко трпение, но истовремено одржува висок степен на воена подготвеност, во услови на зголемени тензии со САД и Израел.
Иран исто така ја зајакнал контролата во Ормутскиот теснец, еден од најважните морски правци во светот за транспорт на нафта, што веќе има влијание врз глобалниот енергетски пазар.
Иранските власти нагласуваат дека Техеран не бара конфликт, но ќе го брани суверенитетот на земјата доколку, како што велат, бидат преминати „црвените линии“.
