Гаши: 23 Октомври не потсетува на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност во едно значајно историско време

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши по повод 23 октомври упати честитка до македонските граѓани.

„23 Октомври не потсетува на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност во едно значајно историско време. Овој ден ни нуди можност да размислиме за патот што го поминавме како држава и за нашата заедничка посветеност кон подобра иднина за сите наши граѓани.

Во време на предизвици, важно е да го одржиме жив дијалогот, почитта и демократските вредности кои нè обединуваат како општество. Само преку соработка и инклузивност можеме да изградиме посилни институции и поправедна и поинклузивна држава.

По тој повод, посакувам овој ден да ни биде повик за единство, граѓанска посветеност и заедничка заложба за иднината на нашата земја.

Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба!“, рече Гаши.