Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши денеска на прес конференција посочи дека утре ќе гласаат за недоверба на Владата.
Тој вели дека „пречката“ е остранета, мислејќи на иницијативата во која стоеа потписите на Левица.
„Апасиев го повлече својот потпис, затоа можам да потврдам дека Алтернатива заедно со 4-те пратеници ќе гласа за недоверба на Влада“, порача Гаши.
