Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, која сега е дел од колацијата „ВРЕДИ“, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека ако ДУИ дал поддршка за Арбен Таравари, тој со сигурност ќе влезел во вториот круг на престојните претседателски избори.
„Бевме на средба со премиерот на Косово, Албин Курти, излеговме потоа со заедничка изјава, целта беше да се излезе со кандидат за претседател Албанец. Се направи повик и кон ДУИ да се поддржи тој кандидат. Доколку ги анализирате анкетите ќе видите дека моменталниот рејтинг на СДСМ кажува дека Таравари имаше шанса да влезе во втор круг, доколку беше поддржан и од ДУИ. 99% сум сигурен во тоа, не велам дека и сега немаме шанси, но во тој случај со оглед на рејтингот на СДСМ тоа ќе беше реалност“, изјави Гаши.