Генералниот секретар на НАТО му ja честиташе победата на Бајден

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Главниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска прв пат разговараше со избраниот претседател на САД Џозеф Џо Бајден, по американските претседателски избори.

Столтенберг му ја честиташе победата на Бајден, соопштија од НАТО.

Покрај честитката за изборната победа, Столтенберг се заблагодарил за поддршката кон НАТО и трансатланските односи, наведено е во соопштението кое го пренесува порталот Политико.

Столтенберг му порача на Бајден дека се радува на идната многу тесна соработка за понатамошно зајакнување на врските меѓу Северна Америка и Европа и подготовките за самитот на лидерите на НАТО следната година.