„Gentleman’s Ride“: 100 интересни моторцикли, управувани од господа и дами ќе парадираат низ Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По петте успешни организации на големиот хуманитарен настан „Gentleman’s Ride”, Скопје и оваа година ќе биде дел од истиот.

Шестиот по ред настан од овој тип кај нас ќе се одржи на денеска, на територијата на град Скопје, каде што ќе имаме прилика да видиме над 90 навистина интересни моторцикли, управувани од господа и дами во официјална гардероба.

Откако минатата година, поради состојбата со коронавирусот се одржа во поинакво издание, оваа година тие имаат можност дефилето да го одржат во нормален терк со запазување на мерките за заштита против ковид-19.

Тие се обединети со единствена цел – грижа за машкото здравје.

Пред неколку дена во емисијата „Урбан таг“ беа и организаторите Игор Стефановски и Миро Затараковски со кои разговаравме за одржувањето на настанот.

Тие велат дека годинава се враќаат делумно во нормала, односно ќе имаат групен настан, а додадоа и дека до сега се пријавени околу 90 учесници.

„Стартот и целта ќе бидат на отворено, затворен простор воопшто не доаѓа во обзир. Ќе бидеме на отворено, со почитување на мерките како носење заштитна маска, дезинфекција на раце, дистанца од најмалку 2 метри“, порачуваат тие.