Георгиевски: Целосен карантин од 27.03 до 21.04, освен секторите клучни за државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Љубчо Георгиевски, претседателот на ВМРО-Народна партија предлага мека за спречување за ширењето на коронавирусот. Тој смета дека Македонија треба да биде целосен карантин од 27 март до 21 април, и тоа со предлог на споделено финансирање и три чекори: секој вработен ќе биде должен првата седмица да ја земе од својот одмор, за втората седмица сите ќе добијат неплатен одмор од пет дена, и третата седмица ќе биде платена како субвенција од државата.

„На овој начин сметаме дека ќе добиеме 25 дена општ прекин на движењето во Македонија и ќе се приближиме до идеалниот карантин или изолација. Да речеме дека во моментов имаме ирационална состојба, имаме полициски час во 21 часот, а од друга страна имаме полни автобуси и полни фабрики каде што луѓето се во постојан ризик и лесно можат да го пренесат вирусот“, велат од ВМРО-Народна преку соопштение.