Гласав за да имаме вистински државници кои се грижат за секој граѓанин. Се надевам дека овие вистински државници ќе нè извлечат од тешката политичка, ценовна, здравствена криза. Се надевам дека утре Бугарија ќе се разбуди поинаква, мирна и среќна, изјави бугарскиот претседателски кандидат професор Анастас Герџиков.
Герџиков рече дека се надева оти сите политички сили ќе вложат големи напори за формирање влада.
– Утринава преодниот премиер згреши кога рече дека ни треба преодна влада. Не, господине Јанев, потребна ни е редовна влада, а не службена, тоа го сакаат сите Бугари. Време е тоа да го сфатат и политичарите. Првата работа на коалицијата е да не извлече од политичката криза, потоа од здравствената, ценовната и економската криза, додаде Герџиков
